Facebook Маркетинг
Според сите официјални топ листи за рангирање на најпосетувани веб страни, од нив најпосетувана е социјалната мрежа Facebook која го зазема првото место пред пребарувачот Google. Во Македонија истражувањата покажуваат зголемена посетеност и секојдневен пораст на корисници на оваа социјална мрежа. Последните истражувања покажуваат дека се регистрирани над 950 000 корисници од различни старосни групи.
Наша цел е да со правилни Facebook маркетинг техники стигнеме до се повеќе корисници на Facebook и правилно да ја промовираме Вашата компанија (бренд).
Промоцијата најефикасно ја спроведуваме преку Facebook фан страна на Вашата компанија, која ја креираме според Вашите препознатливи заштитни знаци и бои. Промотивните реклами на Вашата компанија ги насочуваме кон одредена целна група на луѓе со цел да пронајдеме нови клиенти, но и да ги задржиме вистинските. Facebook фан страната претставува идеално место за промоција на Вашата компанија. Доколку таа е квалитетно изработена и соодветно претставена пред Вашата публика, со неа добивате константен БЕСПЛАТЕН медиски канал за промоција.
Предностите од рекламирањето на Facebook се многубројни како на пример:
– Со еден клик Вашата порака доаѓа до голем број на луѓе;
– Можност на повеќе начини да ја прикажете Вашата реклама и тоа преку текст пораки, веб линкови, фотографии, видео и сл.;
– Можности за взаемна комуникација со членовите на фан страната, можност за коментирање, поставување на директни прашања и одговори;
– Можност за комплетно водење на статистика и анализа на податоците за бројот на членови, нивните интеракции, старосната граница и слично, се со цел да се добие брз и лесен преглед на ефикасноста на Вашата порака.
– Преку Вашата facebook фан страна се зголемува посетеноста на Вашата веб страна со тоа се подобрува нејзиниот рејтинг и подобра ЅЕО оптимизација при пребарување на google, bing, ask.com и слично.
Што се работиме за Вашата Facebook промоција:
– Изработка на Facebook фан страна за Вашата компанија;
– Дизајнирање на Facebook лого и насловна страница;
– Почетно пополнување со податоци за компанијата, информации, контакт;
– Поставување на слики од производи или услуги;
– Поврзување на web страната со facebook фан страната;
– Почетно повикување на одреден број на пријатели на фан страната;
– Кратка обука како понатаму самите да поставуваат слики, текстови и информации;
– Извештај со статистика за страната.
Во зависност од Вашите потреби и желби можеме во Ваше име да ја водиме комплетната администрација на фан страната, мониторинг, одржување и анимирање на фановите.
Програмираме единствени facebook апликации според Вашите желби и барања!
Нашиот тим на програмери изработува Facebook апликации според Вашите барања и желби како на пример организирање на Facebook Наградна игра со која ќе се анимираат Вашите фанови и ќе ја следат секојдневно Вашата фан страна.
Цената на Facebook кампањата зависи од елементите кој сакате да ги вклучите во истата како и бројот на фанови кои би сакале да ве следат.