BIVAS Media Group | Веб Дизајн
Веб Дизајн
23871
page-template-default,page,page-id-23871,vcwb,ajax_fade,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Веб Дизајн и Развој

Ви нудиме изработката на квалитетна веб страна, каде е потребно да се изработи современ веб дизајн, css кодирање на припремениот дизајн и наменско програмирање на веб сајтот. Бивас Медиа Груп има тим кој се состои од високо професионални искусни дизајнери и програмери, каде процесот на изработка се одвива гарантирано брзо, а крајниот резултат со сигурност гарантира квалитетен и современ веб сајт, оптимизиран за пребарување и по последните стандарди на веб развојот.

 

Што е веб страна?

 

Веб страната е Вашата интернет продавница и онлајн излог!

 

Различни истражувања покажуваат дека корисниците на интернет формираат мислење за некоја веб страна во рок од неколку секунди. Во тие неколку секунди одлучуваат дали ќе останат да ја прегледаат целата веб страна или ќе се откажат и преминат на некоја друга веб страна од Вашиот конкурент !? Затоа е многу важно да имате интернет страница која брзо се вчитува, ќе привлеекува со својата атрактивност и на корисникот ќе му даде информации кои ќе го задржат на страната.

 

Нашиот тим за веб развој изработува атрактивни, функционални, интуитивни веб страни прилагодени за корисниците и интернет пребарувачите, придржувајќи се на веб стандардите и користејќи ги најновите светски технологии.

 

Колку ќе ве чини изработката на Вашата нова веб страна?

 

Понудата за изработка на веб страна на пазарот е различна. Можете да најдете оглас залепен на дрво за изработка на веб страни од 3000 денари кои ќе му  послужат како вежба и џепарлок на некое момче средношколец или студент, па до неверојатни 25 000 евра за просечни веб страни на компании и државни институции. Ваквиот распон на цената и квалитетот на понудата се резултат за голема недоумица на нарачателот за дизајн и изработка на веб страна- колку би требало да чини добара веб страна?

 

Да се дефинира фиксна цена на пакет услуга за веб страна, практично е невозможна, затоа што цената за изработка на веб страната зависи од квалитетен дизајн, количина на информации кои би сакале да се постават на Вашата интернет страница, комплексноста на функциите кои сакате да ги содржи страната, начинот на ажурирање на содржината на сајтот, целта на SEO оптимизација на страната, временски период итн.

 

 

Процесот на изработка на Вашето веб решение ги содржи следните фази и чекори:

 

  • Првични консултации – Анализирање на целите и желбите на клиентот;
  • Спецификации на проектот – што се треба да содржи веб страната;
  • Креирање на стабилна основа CMS;
  • Дизајн на веб страната;
  • Имплементација и пополнување на содржината;
  • Тестирање и верификација;
  • Хостирање – Поставување на 100%  функционална веб страна на сервер и достапност од било каде;
  • Одржување – Редовни надградби, проверки, заштита и резервни копии (Backup) по желба на корисникот;