BIVAS Media Group | Интернет маркетинг
23873
page-template-default,page,page-id-23873,vcwb,ajax_fade,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Интернет маркетинг

Со интернет маркетингот Ви нудиме одлична можност за промоција со ниски трошоци, одлична ефикасност и промоција на Вашите производи и услуги на целната група -притоа заштедувајќи време.

 

Интернет маркетингот претставува збир на активности и техники кои ги користат каналите на деловната комуникација за поддршка и остварување на маркетинг целите на организацијата или компанијата. Интернет маркетингот користи пристап кој обезбедува директен маркетинг кој се потпира на растот и развојот на телекомуникациската и информатичката технологија.

 

Тоа може да се каже дека е збир на интернет маркетинг активности кои се користат за насочување на протокот на производи и услуги од производителот до потрошувачот (корисник, купувач, клиент) кој го користат интернетот како канал за деловна (бизнис) комуникација.

 

Ние нудиме на нашите клиенти различни видови на интернет маркетинг:

 

–          Facebook маркетинг – бизнис страница на Facebook, константен медиум за рекламирање на Вашата компанија.

–          E-mail маркетинг – ефикасна алатка за развој на директни односи со клиенти. Речиси секогаш содржи корисни содржини, без разлика дали тоа се промотивни, продажни или информативни цели.

–          Google AdWords – насочен маркетинг, плаќате само за реклама на која е кликнато. Прецизно насочување на рекламата на целни групи, реклами со ниска цена, огромна покриеност и способноста да ја пратите ефикасноста на рекламната статистика.

–          ЅЕО  оптимизација – оптимизација на веб страната за подобро позиционирање во пребарувањето.

–          Интернет ПР – комерцијално  испраќање на известување за јавноста на неколку веб портали. Директно влијание на страните (ЅЕО) рејтинг и посетеност на страната. На овој начин се зголемува видливоста на компанијата, производите или услугите преку интернет пребарувачите.

–          Комплетна интернет маркетинг поддршка – систем кој го имаме развиено за клиенти кои сакаат професионална (аутсорсинг) маркетинг поддршка. Ваквиот пристап дава можност за долгорочно планирање, интернет промоции кои директно влијае на остварувањето на максимални резултати, како и значителни заштеди на времето и буџетот.

Ќе им дозволите ли на Вашите потенцијални клиенти да не Ве пронајдат на Интернет?